Претседателот на Молдавија бара забрана за партии и движења, кои поддржуваат обединување со друга држава

Од:

Претседателот на Молдавија Игор Додон бара да се забранат партии и движења во Молдавија, кои поддржуваат обединување со друга држава, соопштува романскиот информативен сајт „Зиаре“, повикувајќи се на молдавскиот информативен портал Унимедија.

– Во Уставот експлицитно е кажано дека секоја политичка или јавна организација која се залага за укинување на суверенитетот и независноста на Република Молдавија, е неуставна. Точно истото се предвидува и во Романија, објасни молдавскиот претседател на прес-конференција. Тој планира наесен да иницира закон, со кој во Молдавија ќе бидат забранети партии и движења кои се залагаат за обединување со друга држава.

– Не сакам ништо повеќе од она што е предвидено со Уставот, да се најде и во соодветните закони, како што е во Романија. Ќе го воведеме токму она што е предвидено и во романското законодавство. Токму како што е во Романија, како браќа. Се однесува на сите. И за оние кои сакаат обединување со Романија, и за оние кои сакаат обединување со Русија, додаде Додон.

Молдавија беше дел од Романија до 1940 година, кога била анексирана од Советскиот Сојуз. Во 1991 година Молдавија прогласи независност. Околу четири-петтини од четиримилионското население на Молдавија е со романски корени, пренесува БТА.

Во двете земји има партии и организации кои ја поддржуваат идејата за обединување на Романија и Молдавија. Според истражувањата, приврзаниците на идејата во Романија се околу 68 проценти, а во Молдавија – 21 процент. Актуелниот претседател на Молдавија Игор Додо е наводно проруски ориентиран, а Партијата на социјалистите на Република Молдавија, која го кандидираше, е цврсто против обединување со Романија.

Би можело да ве интересира

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он