Претседателот на Куба се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и претседателот на Куба Мигел Дијаз Канел на денешната средба во Пјонгјанг се согласија да ги прошират и зајакнат своите стратешки односи.

Дијаз канел, кој е во Азија на својата прва меѓународна турнеја откако ја презеде функцијата во април, во Пјонгјанг стаса вчера, заедно со сопругата.

На средбната со Ким тие ја нагласиле заедничката социјалистичка историја и се заложиле за продолжување на солидарноста.

Севернокорејските медиуми известија за средбата без да изнесат детали, наведувајќи само дека разговорите минале во „другарска и пријателска атмосфера“.

Диаз Канел утре ќе отпатува од Пјонгјанг, од каде ја продолжува турнејата во Кина, Виетнам и Лаос.

Би можело да ве интересира

Џонг Ун: САД стојат зад сите конфликти и крвопролевања во светот

Горан Наумовски

Северна Кореја и Русија ги здружија силите: Почнува производството на дронови

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја