Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Од:

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол беше официјално уапсен рано утринава, откако судот му одреди притвор до 20 дена поради накратко воведената воена состојба во земјата на 3 декември.

Јун е првиот јужнокорејски претседател кој е приведен во модерната историја на земјата, пишува Јонхап.

Судијата на Окружниот суд во Сеул одобри налог за апсење на Јун, наведувајќи го ризикот од уништување на доказите, а со налогот истражителите можат да го задржат Јун до 20 дена, вклучувајќи ги и деновите што тој веќе ги поминал во притвор од средата кога тој беше уапсен.

Канцеларијата за истрага на корупција на високи функционери (ЦИО) соопшти дека планира да му го препушти одлучувањето за притворот на Јун на обвинителството по 10 дена. Обвинителството се очекува дополнително да го испита и да го обвини пред да истечат 20 дена. Јун денеска ги повика своите приврзаници мирно да го кажат своето мислење, а истовремено побара од полицијата да покаже толеранција, рече неговиот адвокат.

Адвокатот рече дека Јун бил шокиран од насилниот инцидент кога неговите поддржувачи упаднале во Окружниот суд во Сеул рано утринава и ги искршиле прозорците. Јун беше обвинет за бунт и злоупотреба на моќта кога прогласи воена состојба на 3 декември.

Тој се појави пред судот во саботата, кој ги разгледа аргументите за и против неговото апсење. Јун зборуваше 40 минути за време на речиси петчасовното рочиште, а исто така даде и петминутен завршен збор. Јужнокорејскиот парламент го отповика Јун на 14 декември поради воведувањето воена состојба на 3 декември.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Путин до рускиот банкар: Илон Маск ќе и се врати на науката., здружете ги силите со него

Предраг Петровиќ