Претседателот на Гана предупредува на заканата од милитантите во Западна Африка

Од:

Претседателот на Гана, Џон Драмани Махама предупреди дека исламистичките милитанти се закана за дестабилизација на целата Западна Африка.

Во интервју за Би-Би-Си, Махама изјави дека иако Гана не е директно загрозена, ниту една земја од тој дел на континентот не е безбедна, доколку им се дозволи на бунтовниците исламисти да се рашират насекаде.

Според претседателот на Гана, француската воена интервенција во Мали, гарантира стабилизација на оваа земја, без разлика што тамошниот конфликт се уште не е завршен.

Претседателот Махама ја подржува идејата на Африканската Унија (АУ) за формирање на специјални африкански сили за брза интервенција. Тој верува дека средства за формирањето и за одржувањето на овие сили може да се обезбеди од таксите што се плаќаат за авионските летови, како и од таксите за хотелско сместување од сите земји на континентот.

Во јануари оваа година, Франција воено интервенираше во Мали против раширените исламистички милитантни групи кои се закануваа да ја запоседнат целата земја и да влезат во главниот град Бамако. Овие милитантни и добор вооружени групи се поврзани со мрежата на Ал Каеда и тие имаа намера од Мали да создадат база за екстремизмот, како што тоа беше случај со Сомалија во источниот дел од континентот.

– Целиот регион на Сахел е атрактивен терен за милитантните бунтовници, изјави за Би-Би-Си претседателот на Гана Џон Драмани Махама.

Би можело да ве интересира

Кардинал од Гана почина три месеци по неговото назначување

А1он

Циркус: Гана без опрема стигна во Катар

Случаи на опасниот марбуршки вирус откриени во Гана

Голема експлозија во рударскиот регион во Гана, има загинати и урнати стотици објекти

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тепачка во Парламентот на Гана

Ана Ололовска

Најмалку 80 делфини најдени угинати на брегот на Гана