Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореја на својата Твитер страница, го демантираше написот на весникот „Гардијан“, кој беше пренесен од повеќе медиуми дека Еквадор се подготвува да му даде азил на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.
„Гласините за доделување азил на Асанж се невистинити. Се уште не е донесена никаква одлука за тоа прашање. Чекам извештај од Министерството за надворешни работи“, напишал Кореја на Твитер.
Асанж, прибежиште најде во амбасадата на Еквадор во Лондон, за да го избегне испорачувањето во Шведска поради , досега неофицијалните обвинувања за силување и сексуален напад.
Бртитанската полиција, додека е во некоја амбасада, според меѓународните правила, не смее да го уапси.
Асанж, го налути Вашингтон, кога Викиликс објави стотини илјади американски доверливи дипломатски депеши.
Шведското обвинителство го бара поради сомнежот за сексуален напад, што Асанж го демнатира.