Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за Брегзит

Од:

Претседателот на британскиот Долен дом, Џон Беркоу, денеска го отфрли владиното барање пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за Брегзит што го постигна премиерот Борис Џонсон со ЕУ.

Беркоу рече дека гласањето што Владата го бара ќе биде „суштинско исто“ како и оноа што се одржа во саботата, па на тој начин би биле прекршени парламентарните правила.

Британскиот парламент во саботата усвои амандман со кој се спречува ратификувањето на договорот за Брегзит пред да се усвојат законите потребни за негово спроведување.

Владата планира денеска да го достави клучниот предлог-закон за Брегзит, а првиот круг дебати и гласање ќе се одржи утре.

Џонсон се надева дека законот ќе биде усвоен во парламентот пред 31 октомври, кога Велика Британија треба да ја напушти ЕУ.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот