Претседателот на Австрија му наложи на канцеларот Фајман да состави нова влада

Од:

Австрискиот претседател Хајнц Фишер му наложи денеска на канцеларот Вернер Фајман, чии социјалдемократи победија на парламентарните избори, да состави влада, јави ДПА.

Австриската социјалдемократска партија освои најмногу гласови на изборите, што се одржаа на 29 септември, а на второ место е десноценстристичката Австриска народна партија. Фишер истакна дека преферира двете партии и натаму да ја сочинуваат коалицијата, која со Австрија управува во изминатите пет години.

– Факт е дека најсилната и втората според бројот на гласовите партија имаат стабилно, мнозинство, додаде тој.  Според него во интерес на земјата и на владата е да се состави кабинет во најкус можен рок.

Фајман изјави дека е подготвен да преговара за составување на нова влада само со Австриската народна партија и ја исклучи можноста за коалицирање со крајнодесната Австриска партија на слободата, која го освои третото место на изборите.

Би можело да ве интересира

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски