Либанскиот претседател Мишел Аун вчера изјави дека политичката криза во земјата е завршена и дека премиерот Сад Харири ќе остане на таа функција.
На почетокот на ноември Харири неочекувано најави дека поднесува оставка за време на неговата посета на Саудиска Арабија, но подоцна рече дека ја суспендира таа одлука.
– Кризата целосно ќе биде завршена за неколку дена. Извесно е дека Харири ќе остане на функцијата, изјави Аун во интервју за италијанскиот весник „Стампа“.