Претседателката Русеф ја обвини опозицијата во Бразил дека сака да дојде на власт со државен удар

Од:

Претседателот на Бразил Дилма Русеф ја обвини бразилската опозиција, која претрпе пораз на изборите пред една година, дека сака да дојде на власт преку државен удар.

– Опозицијата постојано се обидува да го скарти патот до власта, да направи скок и да дојде на власт преку државен удар, изјави Русеф за време на синдикален митинг во Сао Паоло.

Претседателката истакна дека 54 милиони луѓе ја поддржале нејзината партија пред една година, нагласувајќи дека опозицијата се обидува вештачки да предизвика импичмент на една демократски избрана влада.

Според Русеф „зборовите за пуч“ на опозицијата се насочени не само кон неа, туку кон сите, што таа ги претставува, кон историските постигнувања на нејзиниот политички ментор и претходник, претседателот Лула да Силва.

Ударот што незадоволните сакаат да го постигнат е преврат против народот, но тие луѓе можат да бидат сигурни дека нема да ја постигнат целта, истакна Русеф.

Опозицијата во Бразил ја обвинува Русеф дека ги фалсификувала финансиските извештаи на земјата во изборната 2014 година. Русеф има 10 проценти јавна доверба, земјата е во рецесија и се соочува со голем корупциски скандал со нафтениот гигант „Петробраз“.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски