Претседателите на двата дома на италијанскиот Парламент ги намалија своите плати

Од:

Претседателите на двата дома на италијанскиот Парламент, Пјеро Грасо и Лаура Болдрини изјавија дека ќе ги намалат своите плати за 30 проценти.

Грасо и Болдрини се откажаа и од резиденциите, кои им следуваат на користење според законот, отстапувајќи ги за потребите на Парламентот.

На вчерашната прес-конференција во Рим двајцата парламентарни лидери истакнаа дека овие мерки се дел од планот за намалување на трошоците на политичарите за 50 проценти.

Со овој план не се опфатени сите парламентарци и службеници на Пратеничкиот дом и на Сенатот.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски