Претрес во домот на Ево Моралес

Од:

Боливиското обвинителство потврди дека е извршен претрес во домот на соборениот претседател Ево Моралес како дел од истрагата за тероризам и противдржавна дејност против поранешниот лидер на земјата кој е во егзил.

Моралес минатиот месец поднесе оставка по речиси 14 години на власт по наводите дека ги фалсификувал парламентарните избори. Оттогаш тој се наоѓа во Мексико, каде доби азил како „жртва на преврат“.

Неговата наследничка Жанин Анес го обвини Моралес и други негови соработници за разгорување на жестоки судири по изборите во Боливија, кои траеја повеќе од еден месец и во нив загинаа десетици луѓе.

Обвинителот Руди Теразас изјави дека претресот во домот на Моралес во Ахумани, богат кварт во административната престолнина Ла Пас, е „извршен по судски налог“. Компјутерите, пронајдени во имотот, ќе бидат прегледани поради докази за „тероризам и дејствија против државата“.

Моралес на Твитер напиша дека истражните органи ја злоупотребиле својата должност.

Сегашната власт тврди дека Моралес предизвикал голем недостиг на храна и гориво, давајќи им инструкции на своите следбеници да ги блокираат патиштата кои водат кон големите градови, по неговото заминување во Мексико.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он

Речиси 150.000 хектари шума уништени во пожари во Боливија

А1он

Поранешниот боливиски лидер Ево Моралес позитивен на коронавирусот

Ана Ололовска