Две девојки велат дека биле жртви на хомофобичен напад откако одбиле да се бакнуваат во автобус.
Меланија Гејмонат (28) изјави дека нападот врз неа и нејзината девојка Крис се случил во лондонски автобус додека патувале во Камден Таун.
Група млади мажи почнале да ги малтретираат кога откриле дека девојките се двојка, барајќи од нив да се бакнуваат.
Четири машки тинејџери на возраст меѓу 15 и 18 години се уапсени.
Детективот Енди Кокс го опиша нападот со зборот “одвратно”. Претходно, полицијата соопшти дека ги прегледуваат на снимките од CCTV камерите.
Говорејќи за нападот, кој се случи во раните утрински часови на 30 мај, г-ѓа Гејмонат изјави за Би-Би-Си дека и претходно била жртва на вербално насилство, но дека никогаш претходно не била физички нападната поради нејзината сексуалност.
Премиерката Тереза Мај рече: “Ова е одвратен напад и моите мисли се со двојката.
“Никој никогаш не треба да крие зад тоа кој е или кого сака и ние мора да работиме заедно за да го искорениме неприфатливото насилство кон ЛГБТ заедницата”.