Пресудена отштета за евакуираните поради Фукушима

Од:

Јапонски суд нареди да се исплати отштета од 3,4 милиони евра на луѓето кои морале да ги напуштат своите домови во североисточна Јапонија по хаваријата во нуклеарната електрана Фукушима во март 2011 година.

Портпаролката на судот во Јокохама изјави дека судот наредил Владата и компанијата „Токио електрик пауер“ (Тепко) да обесштетат 152 евакуирани жители со 419,6 милиони евра.

Тоа е петти пат со судска одлука Владата да биде прогласена за одговорна за нуклеарната катастрофа во Фукушима, најголема по експлозијата на нуклеарната електрана во Чернобил во 1986 година.

Судот оцени дека несреќата можела да биде избегната доколку Владата и Тепко „преземале мерки“ за опасност од цунами. Хаваријата беше предизвикана од удар на бран висок 14 метри, кој уследи по силниот земјотрес.

Меѓу бројните судски процеси што ги водеа илјадници евакуирани лица, кај повеќето претходно е востановена заедничка одговорност на Владата и Тепко или само на компанијата.

 

Би можело да ве интересира

Јапонија: Силен земјотрес ја погоди префектурата Фукушима

Јапонија: Нема промена во нивото на радијација по земјотресот во Фукушима

Силен земјотрес ја погоди Фукушима

Одложено е извлекувањето на нуклеарниот отпад од централата Фукушима

Шест лица го тужат операторот на нуклеарната централа Фукушима поради рак на тироидната жлезда

Ана Ололовска

Јапонија одлучи да испушти во морето милион тони контаминирана вода од Фукушима

Ана Ололовска