Престрелки и експлозии во Бужумбура

Од:

Престрелки и експлозии на гранати утрово се слушаат во неколку квартови на главниот град на Бурунди, Бужумбура, при што се загинати десетици лица.

– Досега насилството беше до покраините на Бужумбура, но војниците веќе ги блокираат патиштата. Училиштата се затворени, а граѓаните не можат да одат на работа. Има судири во неколку кваротви, вклучително Нгагара, Мусага, Нјукабига и Каноша, изјави портпаролот на полицијата.

Тој додаде дека квартовите се нападнати од криминалци.

Очевидци тврдат дека биле нападнати и касарните. Неименуван висок воен претсатвник изјави дека по двочасовните судири практично биле елиминирани сите напаѓачи во Нгагара.

Насилството во Бурунди трае од април, кога актуелниот претседател Пјер Нкурунзиза најави дека ќе се кандидира за трет мандат. Тој победи на изборите во јули, но опопзицијата не учествуваше. Според невладините организации од април досега загинале над 240 луѓе.

Би можело да ве интересира

Масакр во Бурунди: Убиени се најмалку 20 луѓе, меѓу нив 12 деца, две бремени жени и еден полицаец

Горан Наумовски

Десет млади ракометари од Бурунди кои исчезнаа во Хрватска, сега се „појавија“ во Белгија

Горан Наумовски

Мистериозни исчезнување во Хрватска: Нема трага ни глас од 10 ракометари од Бурунди

Младите ракометари од Бурунди дојдоа во Хрватска на светското првенство, а потоа исчезнаа

Предраг Петровиќ

Бурунди нема да дозволи влез на специјалниот известувач на ОН во земјата

А1он

ВИДЕО: Изгоре затвор во Бурунди, починаа 38 затвореници

А1он