„Пресе“: Австриската ограда може да предизвика домино-ефект

Од:

Евентуалното кревање ограда на границата со Словенија, што како мерка го навести австриската министерка за внатрешни работи, Јохана Микл-Лајтнер, може да предизвика домино-ефект, оцени денеска виенскиот дневен весник  „Пресе“.

Весникот пренесува дека Словенија наскоро ќе одлучи дали и таа ќе преземе слични мерки како Австрија, доколку Виена ги реализира своите најави.

Словенечкиот премиер Миро Церар изјави дека неговата Влада „со сите средства“ е подготвена да го запре бранот бегалци, доколку состојбата се влоши, додава дневниот весник.

Заради новиот рекорден број бегалци на сите страни владее нервоза, истакнува „Пресе“, укажуваји и на острата критика на германската покраина Баварија за однесувањето на Австрија, на која за првпат и се приклучи и членот на германската Влада, министерот за внатрешни работи, Томас де Мезијер.

Австриското Министерство за внатрашни работи ги отфрли германските критики и порача дека илјадници лица доаѓаат во Австрија со само една цел, а тоа е Германија.

Меѓутоа, соседна Германија секој ден презема се помалку бегалци, конкретно, како што пренесува „Пресе“, само 50 лица на час, заради што, според тврдењата на министерството, бегалците сами се организираат како да ја минат границата.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски