Препораките за тестирање за коронавирус поднесени до земјите членки на ЕУ

Од:

Научниот тим на Европската Комисија излезе со првиот сет препораки за јавното здравје и за тестирање за коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тимот, составен од виролози и епидемиолози, вчера го одржа својот прв состанок, во соработка со Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). Препораките им се поднесени на земјите членки и министерствата за здравство.

Европската Комисија инсистира дека е од клучна важност земјите на ЕУ да се координираат во мерките, имајќи ги секако предвид националните специфичности.

Во однос на тестирањата за коронавирусот, тимот смета дека приоритет треба да им се даде на постарите лица кои се моментално хоспитализирани, повозрасните лица кои имаат ризичен профил и, се разбира, медицинскиот персонал.

Навременото тестирање и детектирање на заразата е клучен аспект во борбата против пандемијата, бидејќи не само што овозможува поефикасен третман за заболените, туку и мониторинг на епидемиолошката состојба, што потоа помага за формулирање на мерките за контрола на болеста.

Панелот порачува дека тестирањето на асимптоматичните случаи помага да не се шири вирусот, доколку се изолираат лицата.

Засега, во земјите на ЕУ нема тестирање на асимптоматични случаи, и генерално фокусот е ставен на оние кои имаат тешки симптоми или се вратени од ризично подрачје.

Научниот тим нагласува дека стратегиите на тестирање ќе може да се еволуираат во иднина за да овозможат „оптимална употреба на ресурсите“ и да се намали притисокот врз лабораториите.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски