Премиерот на Викторија ги засилува анти-епидемиските марки

Од:

Сите лица кои биле во близок контакт со заразени со коронавирус и одбиваат да се тестираат ќе бидат испратени во тринеделен карантин, е една од заострените мерки што премиерот на австралиската држава Викторија, Даниел Ендрус, одлучи да ги воведе сакајќи да дисциплинира дел од јавноста што не се придржува кон пропишаните анти-епидемиски мерки.

Американските медиуми пренесуваат дека владата на австралиската држава Викторија соопшти дека за 10 дена ќе биде продолжен задолжителниот карантин за луѓето кои биле во близок контакт со заразени со коронавирус, а кои одбиваат да бидат тестирани.

Ова интензивирање на анти-епидемиските мерки стапува во сила од денеска на полноќ.

Премиерот Ендрус рече дека многу голем број граѓани се согласиле да бидат тестирани и објасни дека новите построги правила се воведуваат за безбедност и во интерес на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он