Премиерот на Пакистан и нуди дијалог на Индија

Од:

Премиерот на Пакистан, Имран Кан му понуди дијалог на неговиот индиским колега Нарендра Моди, откако пакистанското Воено воздухопловство денеска урнаа два индиски борбени авиона.

Во своето обраќање до нацијата, Кан рече дека Индија треба да размислува каде сака да ја насочи сегашната ситуација.

– И понудивме на Индија заедничка истрага за нападот во Пулвама, бидејќи не е во интерес на Пакистан тоа што нашата територија се користи против која било земја. Додека ние искрено понудивме да го испитаме инцидентот, Индија делуваше незрело, рече тој.

Кан нагласи дека и покрај неговата искрена понуда, имал сомнеж дека Индија може да преземе некои активности поради претстојните парламентарни избори.

– Кога Индија започна акција, ние не реагиравме, бидејќи сакавме целосно да ја разгледаме ситуацијата на теренот. Ние презедовме напад, бидејќи само сакаме да испратиме порака дека Пакистан е суверена земја и може да навлезе во Индија, рече премиерот Кан.

Би можело да ве интересира

155 патници се спасени од воз киднапиран од пакистански сепаратисти

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

Индија може да се подели на два дела