Премиерот на Етиопија го смени речиси целиот државен врв

Од:

Премиерот на Етиопија, Аби Ахмед денеска ги смени началникот на Генералштабот, началникот на службата за разузнавање и министерот за надворешни работи, откако армијата ја продолжи офанзивата кон регионот Тиграј, користејќи и авијација.

Прес-службата на премиерот ги потврди промените на Твитер, но не ги наведе причините за отпуштањата.

Аби почна воена кампања во средата, иако меѓународната заедница повика на дијалог со партијата „Тиграјски народен ослободителен фронт“ (ТПЛФ), наместо да предизвика граѓанска војна.

„Тиграјанците“ го имаа главниот збор со децении, сè додека Аби не ја презеде власта во 2018 година и постојано се обидува да го намали нивното влијание во земјата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од пет степени ја погоди Етиопија

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска