Премиер на Пакистан забрани честитки преку медиуми

Од:

Новиот премиер на Пакистан, Наваз Шариф наложи владаните органи да престанат да му честитаат за избори преку медиуми, откако весниците беа полни со честитки.

Во соопштението на неговата канцеларија е наведено дека наложил Националната банка на Пакистан и Националната сообраќајна полиција да му објаснат зошто во весниците објавија огласи во кои го фалат.

-Премиерот признава и цени љубов, наклонетост на нацијата и емоции од симпатизерите, па затоа апелира да се фокусираат на градба во државата, а не да му праќаат честитки на него-стои во соопштението.

Корупцијата е распространета во Пакистан, па многумина сметаат дека честитките кои што се појавија во весниците се обид да се доближат до новиот премиер.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски