Преку донаторска конференција ЕУ ќе им помага на граѓаните од Венецуела

Од:

Европската унија и Шпанија на 26 мај ќе организираат донаторска конференција за да им помогнат на милиони венецуелски граѓани кои бегаат од земјата, како и на државите од Јужна Америка што ги примаат тие граѓани.

Тоа го изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

– Конференцијата ќе ги поддржи соседните земји на Венецуела, што примаат голем број бегалци, рече Борел на прес-конференција, додавајќи дека епидемијата на коронавирусот дополнително ја влошила ситуацијата.

Шпанскиот министер за надворешни работи Аранча Гонзалез Лаја изјави дека меѓународната заедница не може да не реагира на егзодусот на граѓаните на Венецуела, додавајќи дека е потребно да се реагира што е можно поскоро.

На конференцијата ќе учествуваат повеќе од 40 држави и финансиски институции, во организација на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и ЕУ.

Околу 4,9 милиони граѓани на Венецуела ја напуштија земјата од 2015 година, бегајќи од политичката и економската криза.

Колумбија прими најголем број бегалци, околу 1,7 милиони.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он