Преку 100 лица убиени во Бразил за време на штрајкот на полицијата

Од:

Над 100 лица биле убиени за време на шесте дена штрајк на полицијата во југоисточната бразилска држава Еспирито Санто.

Училиштата и компаниите и натаму не работат, а јавниот транспорт е запрен. Нема изгледи штрајкот да биде прекинат.

Бразилските власти дозволија денеска армијата да биде употребена за гарантирање на безбедноста во Еспирито Санто поради протестот на полицијата. Вооружените сили ќе испратат падобранци и оклопни транспортери.

Хаосот и анархијата во државата предизвикани од штрајкот на полицијата, продолжуваат, иако вчера таму беа распоредени 1200 војници и федерални полицајци.

Поголемиот дел од насилствата се извршени во главниот град на државата Виторија. Градот е богато пристаниште, опколено со плажи, со силно присуство на рударски и нафтени компании.

Претставници на државните власти рекоа дека потребни се уште стотици федерални војници и членови на елитните федерални полициски сили за да помогнат во обновата на редот.

Штрајкот на полицијата започна во саботата, со барање за поголеми плати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск