Предупредување до туристите: Избегнувајте го Париз додека траат протестите – 45000 полицајци мобилизирани

Од:

Четириесет и пет илјади полицајци се мобилизирани и вечерва за да ги контролираат протестите што веќе шеста ноќ по ред се одржуваат во поголемите градови во Франција, соопшти францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен.

На безбедносните сили им е дадена наредба да спречат секаков обид за насилство и да ги приведуваат извршителите.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека јавниот превоз, вклучувајќи автобуси и трамваи, ќе биде затворен низ целата земја од 21 часот по локално време.

Во некои градови е воведен ограничен полициски час, додека во Париз беа укинати некои автобуски линии, но метро системот работеше нормално. Железничката станица во Префектурата Нантер е затворена.

Неколку земји издадоа предупредувања за оние кои ја посетуваат Франција.

Американскиот Стејт департмент издаде безбедносна тревога која ја покрива Франција.

Британија издаде совети за патување во кои ги повикува туристите да ги „надгледуваат медиумите“ и „да избегнуваат области на немири“.

Германските власти исто така ги советуваа своите граѓани „да се информираат за моменталната ситуација и да избегнуваат места на големи немири“.

Нередите во Франција избувнаа во вторникот откако 17-годишно момче беше убиено во предградие на Париз.

Во насилните протести имаше повредени демонстранти и полицајци, беа запалени автомобили и демолирани продавници и други објекти.

Бабата на Нахел М, Надија, повика на смиреност по петтата ноќ на немири низ Франција што избувнаа откако полицијата го уби нејзиниот 17-годишен внук.

„Не сакам да уништуваат продавници, автобуси и училишта“, изјави Надја за ТВ БФМ.

„Тие го користат Нахел како изговор“, рече таа, а потоа додаде: „Сакаме работите да се смират“.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Вучиќ до странците кои му предлагале преодна влада: Ниту таква ниту експертска, само српска влада ќе постои

Студентот од Нови Сад кој одби помилување: Обвинителството требаше да не ослободи, а не Вучиќ

А1он