Предлог-законот за геј браковите усвоен во Домот на лордовите

Од:

Горниот дом на британскиот Парламент, Домот на лордовите, денеска го усвои Предлог-законот за легализација на хомосексуалните бракови.

При денешното гласање по законскиот текст приврзаниците на предлог-законот во Домот на лордовите носеа розови каранфили.

Сега законскиот предлог ќе биде препратен во Долниот дом на Парламентот, каде пратениците ќе треба да се изјаснат за владините амандмани.

Се очекува предлогот да биде усвоен без проблеми, бидејќи Долниот дом во претходната фаза го поддржа законот со 390 гласови „за“ и 148 „против“.

Предлог-законот ќе им овозможи на хомосексуалните двојки да склучуваат граѓански и црковни бракови во Англија и во Велс, иако Англиканската црква, која е поделана по тоа прашање, забранува венчевање ма истополови двојки.

Во моментот, истополовите двојки можат да формираат граѓанска заедница, која има слични права и одговорности како и брачната заедница.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година