Предлог за разрешување на Педро Аграмунт од функцијата претседател на ПССЕ

Од:

Предлогот за разрешување на претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) Педро Аграмунт, беше претставен од страна на 158 членови, кои го сочинуваат Собранието и припаѓаат на пет политички групи и се од 36 различни делегации, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Во согласност со деловникот за работа на ПССЕ, кој беше на 27 јуни оваа година, предлогот за разрешување ќе биде доставен на усвојување на Собранието на отворањето на есенската сесија веднаш по нејзиното објавување ( во Стразбур, 9-13 октомври).

Во случај ако претседателот поднесе оставка, постапката запира веднаш.

До донесување на конечна одлука по предлогот доставен од 158 членови на ПССЕ, претседателот престанува да претседава со седниците на Собранието.

Во април бирото на ПССЕ му изрази недоверба по контроверзната посета на Сирија, по што му забрани и да дава изјави и да го претседава паневропското собрание.

Во ПССЕ членуваат 648 пратеници од 47 земји членки на Советот на Европа, само половината од нив 342, имаат право да гласаат, додека другата половина се нивни заменици и имаат право на глас, само кога се отсутни пратениците кои ги заменуваат.

Би можело да ве интересира

ПССЕ ја повика Турција да не го усвојува законот за криминализирање на „лажните или погрешни информации“

Ана Ололовска

ПССЕ повикува на мерки за борба против исламофобијата во Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан

Ана Ололовска

ПССЕ: Руската Федерација повеќе не може да биде членка на Советот на Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе одржи вонредна пленарна седница на која ќе се расправа за нападот на Русија врз Украина

А1он

ПССЕ бара засилување на борбата против така наречените злосторства поради „чест“

Ана Ололовска