Предизборен гаф на Дејвид Камерон

Од:

Британскиот конзервативен премиер Дејвид Камерон, кој се надева на реизбор следната година, се обиде да привлече гласачи со преизборниот плакат кој го прикажува патот кој Британците би требало да ги одведе во подобра иднина, но проблемот е во тоа што патот е германска, пишуваат британски и германски медиуми.

Плакатот со порака „Да останеме на патот кон посилна економија“ го покажува патот во средина на поле кое излегува од британското знаме. Целта е да се прикаже патот по кој Ториевците сакаат да одат, ако бидат избрани на изборите на 7 мај.

Сепак, како што пишува „Ди Велт“, штета што медиумските стратези на Камерон на плакатот ставиле фотографија од околината на Вајмар, која во 2008 година ја сликал германскиот фотограф, Александер Бурзик.

Зарем германски пат треба да го прикажува британскиот пат кон посилна економија, прашува Индепендент.

– Тоа е британска слика и британски пат, тврди министерот за финансии, Џорџ Озборн. Германскиот фотограф, сепак, го тврди спротивното.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство