Пред несреќата, Пригожин договори работа за „Вагнер“ во Африка и доби злато

Од:

Лидерот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин пред да се врати во Русија, каде што загина во авионска несреќа на 23 август, тој се сретна со претседателот на Централноафриканската Република, Фаустин Арчанг Туадер.

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот за првпат јавно и официјално се огласи за смртта на лидерот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин кога изјави дека „се сретнал со некои официјални лица“ по враќањето од Африка, но не прецизираше кои. Потоа објави дека е „талентиран во бизнисот, но направил и одредени грешки“. Сепак, според информациите на „Волстрит журнал“, во Африка, Пригожин се сретнал со Туадер.

Во петокот, 18 август, авионот на Пригожин слета во Банги, главниот град на Централноафриканската Република. На средбата меѓу Пригожин и Туадер, лидерот на „Вагнер“ изјави дека неуспешниот пуч во Русија на 24 јуни годинава нема да влијае на соработката и бизнисот меѓу неговата паравоена единица и оваа земја. Во тоа време Пригожин дури и усно вети дека ќе ја „зајакне безбедноста на властите“, како и дека ќе инвестира во земјоделството.

Следниот ден, 19 август, Пригожин имаше средба со претставници на Суданските сили за брз одговор (РСФ). „РСФ“ е паравоена единица на Судан формирана во 2013 година, која е во војна со редовната армија на Судан од средината на април оваа година. Според неофицијални информации, единицата на Пригожин и помогнала на РСФ да постигне неколку важни победи против суданската армија, вклучително и преземање контрола врз воената база во Картум, главниот град на Судан.

Во знак на благодарност, на Пригожин во таа посета на Африка претставници на „РСФ“ му дадоа многу злато. После тоа, тој отпатува за Мали, а потоа се врати во Руската Федерација, поточно во Москва. Во средата, на 23 август, тој беше во авионот „Ембраер 600“ кој се урна во регионот Твер кога загинаа десет лица, седум патници и тројца членови на екипажот.

На местото каде што се урна е пронајдена црната кутија на авионот, а на оддалеченост од околу три километри бил пронајден и друг дел од леталото. Она што е невообичаено е тоа што на крилото и на опремата за слетување не е видливо оштетување од воздушната одбрана. Понатамошната истрага ќе ја утврди причината за авионската несреќа.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски