Пред да се самоубие се јавил во болница за ги дарува органите

Од:

Чешката полиција деновиве забележа единствен случај, кога еден 28-годишен маж пред да се самоубие се јавил во итна помош и изразил желба неговите органи да бидат искористени за трансплантација.

Настанот се случил во местото Простејов, во југоисточниот дел на земјата.

-Човекот со автомобил излегол надвор од градот и по телефон се јавил во итната помош. Непосредно пред доаѓањето на медицинската екипа на местото, тој се застрелал во главата. На местото оставил писмо до полицијата, изјави портпаролката на полицијата Марта Влахова.

Според неа, полицијата не памети сличен случај досега.

Лекарите од болницата во блискиот град Оломоуц каде бил пренесен мажот во тешка состојба и по извесно време починал, од етички причини не сакаат да коментираат дали желбата за дарување на неговите органи ќе биде исполнета.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица