Православниот Божик денеска го слават и египетските Копти

Од:

Православниот Божик денеска го слават и египетските Копти, народ со православна христијанска вера, а на полноќната служба во црквата Свети Марко во центарот на Каиро присуствуваше и претседателот Абдел Фатах ал Сиси, како прв египетски претседател кој доаѓа на божикна миса.

Оваа година службите во црквите се одвиваат со зајакнати мерки за безбедност поради можни напади на исламските екстремисти.

Полицијата, воочи службата на Бадник и Божик, само во Каиро детално пребара над 300 цркви за да открие евентуално подметнати бомби, изјави генералот на полицијата Гамал Халава.

Во близина на црквите ширум земјата поставени се контролни пунктови и привремено е забрането задржувањето на автомобили и мотоцикли.

Полицијата настојува да спречи „секој обид да се наруши прославата“, рече Халава.
Нападите на екстремистите се во пораст откако војската го смени од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси во 2013, а некои екстремисти на Синајскиот полуостров изразија лојалност на Исламска држава и презедоа одговорност за уривање на рускиот авион во кој минатата година загинаа 224 луѓе.

Египетските Копти силно ја поддржуваа смената на Морси, а христијаните сега се изложени на поголем ризик на јавни собири, а нивните куќи, компании и цркви се често изложени на напади.

Коптите сочинуваат десет отсто од 90 милиони жители во Египет и долго се жалат на дискриминација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува