Право и правда победи на парламентарните избори во Полска

Од:

Полската евроскептична опозициска партија Право и правда (ПИС) победи на вчерашните парламентарни избори и ќе има апсолутно мнозинство во Сејмот (Долниот дом на Парламентот), покажуваат излезните анкети.

Официјалните резултати треба денеска да бидат објавени. Ако се потврдат резултатите од анкетите тоа би значело крај на осумгодишното владеење на десноцентристичката Граѓанска платформа (ПО), пренесува Танјуг.

Потпретседателката на Партијата на правото и правдата Беата Шилдо (58) изјави дека ќе биде идниот премиер на Полска ако официјално бидат потврдени резултатите од анкетата дека партијата на Јарослав Качински освои апсолутно мнозинство.

Според резултатите од излезните анкети ПИС освоила 242 од 460 места во Долниот дом на Парламентот, а ПО освоила 133 пратенички места.

Актуелната премиерка и претседателка на ПО, Ева Копач го призна поразот на изборите.

Првпат во историјата на Полска за премиерскотот место претендираа две жени.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата