Пратеник на САД за Сирија: Има многу докази дека во Идлиб се подготвува хемиски напад

Од:

Има многу докази дека сириската влада подготвува употреба на хемиско оружје во регионот Идлиб на северозапад во Сирија, изјави новиот американски пратеник за Сирија, Џим Џефри.

Тој предупреди дека каков било напад врз бунтовничката енклава би претставувал „невнимателна ескалација“.

– Каква било офанзива за нас би била неприфатлива, изјави Џефри.

Сирискиот премиер Имад Хамис претходно изјави дека провинцијата Идлиб што е под контрола на опозицијата, наскоро ќе биде вратена под суверенитет на Сирија. Истовремено, вети дека ќе победи во секоја идна војна.

– Идлиб наскоро ќе и биде вратен на нацијата….Сирија ќе победи во секоја нова војна, изјави Хамис во говор на отворање Меѓународен саем во Дамаск.

Би можело да ве интересира

Трамп најави: Средба на Русите и Украинците во Минхен

Маск: Да ги уништиме сите владини агенции

Хегсет: Со нетрпение очекуваме да работиме со сојузниците

(ВИДЕО) Застрашувачка снимка од падот на американскиот борбен авион: Удира во вода, па експлозија

Предраг Петровиќ

Трамп потпиша радикална наредба: Следуваат отпуштања во амбасадите, можни повлекувања од договорите

Москва: САД се главниот пандан на Русија