Пратениците на ЦДУ побараа оставка од Армин Лашет поради рејтингот на владеачката коалиција

Од:

Пратениците на владејачката ЦДУ/ЦСУ побараа лидерот на ЦДУ и демохристијански кандидат за германски канцелар, Армин Лачет, да поднесе оставка.

На виртуелната средба на парламентарниот клуб на ЦДУ/ЦСУ, пратеничката од ЦДУ од Дизелдорф, Силвија Пантел, упати апел до лидерот на ЦДУ, Лашет, да преземе одговорност и да се повлече доколку резултатите од анкетата на јавното мислење не се подобрат во следните две недели.

Според весникот „Билд“, Пантел го обвини Лашет за лошите резултати на ЦДУ/ЦСУ во претходните истражувања на јавното мнение, каде резјтинот на коалицијата паѓа.

-Подобро е брзо и безболно на тоа да се реагирате, отколку заедно да се удавите, рече таа.

Пратеникот на ЦДУ, Аксел Милер, ја поддржа својата колешка, забележувајќи дека со еден збор, ситуацијата е „катастрофална“. Лашет, кој, исто така, присуствуваше на витруелната седница, не одгов/ ори на барањата за оставка.

Место тоа, шефот на парламентарната група на Бундестагот, Ралф Бринкхаус, одржа говор во кој повика на единство во ЦДУ/ЦСУ, изјавувајќи дека демохристијаните ја имаат најдобрата програма за Германија, која сега треба офанзивно да им се пренесе на гласачите.

Според анкетата на телевизијата АРД, коалицијата ЦДУ/ЦСУ во моментов би освоила 30 проценти од гласовите, колку и растечката Социјалдемократска партија (СПД).

Имено, ЦДУ загуби пет проценти поддршка, додека СПД доби шест проценти од новите поддржувачи. Зелените би освоиле 15 проценти од гласовите, што е за еден процент помалку отколку во претходната анкета.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД