Пратениците кои беа против одредување фиксен датум за Брегизт наречени „бунтовници“

Од:

Весникот „Дејли телеграф“ објави фотографија од петнаесет пратеници од конзервативното мнозиство на премиерката Тереза Меј со наслов „Бунтовниците против Брегзит“, откако тие се изјасија против одлуката на Владата да се определи точен датум и час за излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Според Владата, Велика Британија треба да изелзе од ЕУ на 29 март 2019 година во 23 часот по локално време.

Пратениците кои што беа наречени „бунтовници“ пак го обвинија весникот за обид за заплашување на народот.

Пратеничката Ана Соубри посочи дека ниту таа, а ни нејзините колеги не сакаат преговорите за Брегизт да бидат забавени или доведени во прашање.

– Ние сакаме добар Брегзит за сите во нашата земја, истакна Соубри.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски