Познат составот на новата влада на Египет

Од:

Египетскиот премиер Хишам Кандил успеа да го состави неговиот владин кабинет, објавија денеска египетските медиуми.

Според истите извори, досегашните министри за надвореешни работи и за финасии, Мохамед Камел Амр и Мимтаз Мохамед ел Сајед ќе ги задржат истите функции и во новата влада.

Директорот на египетската Агенција за инвестиции Осама Салех ќе биде нов министер за инвестиции, додека првиот човек на Египетскиот нафтен холдинг, Осама Камал ќе раководи со Министерството за нафта.

Новиот премиер Кандил е малку познат во египетската јавност. Тој како технократ и непартиски кандидат во досегашната Влада на Камал ел Ганзури беше министер за иригација и водни ресурси.

При неговото именување за мандатар за состав на новата влада Кандил најави дека при изборот на членовите на неговиот кабинет првенствено ќе се води од нивната стручност, а не од партиската припадност.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет