„Позитивен напредок“ во преговорите меѓу САД и Иран во Доха

Од:

САД и Иран постигнаа напредок во индиректните разговори, според медијаторите Катар и Пакистан.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџед ал-Ансари, изјави дека е постигнат „позитивен напредок“ по прашањата поврзани со рамковниот договор постигнат пред две недели за завршување на војната во Иран.

Разговорите во главниот град на Катар, Доха, се одржаа одделно со преговарачи од двете страни во конфликтот.

Ал-Ансари напиша на X дека страните се согласиле да ги продолжат разговорите во наредниот период, а следниот состанок ќе биде закажан што е можно поскоро по погребните поворки за поранешниот ирански врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во израелски воздушен напад кон крајот на февруари.

Според иранските извештаи, се очекува церемониите да започнат на 4 јули во главниот град Техеран и градот за аџилак Ком. Погребот е закажан за 9 јули во родниот град на Хамнеи, Машхад, на североистокот од земјата.

Би можело да ве интересира

Иран: Вашингтон мора да ги исполни условите на Техеран доколку сака крај на војната

САД: „Подготвени сме за напад“

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Ирак постигна договор со САД: Нафтата повторно ќе минува низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД