Пожарот во источна Чешка во кој загинаа пет лица, од кои три деца бил подметнат

Од:

Пожарот, кој како последица од серија експлозии уништи една станбена зграда во чешкиот град Френштат под Радхоштјем, при што загинаа пет лица, од кои три деца бил предизвикан намерно, јави дописникот на МИА од Прага.

Во експлозијата, што се случи во раните утрински часови во неделата единаесетмина беа повредени, од кои најмалку две лица се во животна опасност.

Мартин Червичек, претставник на полицијата изјави дека за несреќата најверојатно е виновен 62-годишен станар во зградата, кој при експлозијата загинал.

Според очевидци, човекот бил проблематичен, постојано предизвикувал кавги и се заканувал. Поради неплатени сметки му била исклучена струјата и дома користел боци наполнети со пробан-битан гас со кои и најверојатно намерно го предизвикал пожарот и експлозиите.

Полицијата се уште не ја потврдува верзијата, оти подметнувачот на пожарот ги забарикадирал вратите на соседите за да не можат да излезат од домовите.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица