Големиот шумски пожар, кој беснее во канадската провинција Алберта, ја опфати и соседната провинција Саскачеван, но властите се надеваат дека пониските температури и прогнозите за дожд следните денови ќе помогнат во совладување на огнената стихија.
Пожарот, кој избувна на 1 мај во шума крај Форт Мекмареј, доведе до евакуација на околу сто илјади лица од градот и околината.
Огнената стихија опустоши над 5.050 квадратни километри шумска површина и се прошири кон Саскачеван. Огнот е веќе на 40 километри од населените места Клирвотер Ривер и Ла Рош.
Во Форт Мекмареј пожарникарите вчера продолжија со операции за спречува на напредувањето на пожарот кон нафтените објекти северно од градот.