Пожари во близина на Перт, ситуацијата на работ на вонредна состојба

Од:

Стотици австралиски пожарникари денеска се борат со пожарот во близина на Перт, главниот град на Западна Австралија, а властите апелираа до населението да се држи настрана од пожарот.

Портпаролот на противпожарната служба изјави дека 240 пожарникари се борат со пожарот, а ситуацијата е на ниво на вонредна состојба и на највисоко ниво на предупредување за опасност, пренесува Ројтерс.

Пожарот, кој избувна во саботата, изгоре околу 417 хектари во диви, ненаселени области, а Метеоролошката канцеларија денеска издаде предупредување за „екстремна опасност од пожар“ за делови од Западна Австралија.

Повеќе од 25 пожари избувнаа низ најголемата австралиска држава, а локалните власти предупредија дека се загрозени жителите во руралната област Гингин кај Читеринг, на околу 60 километри од Перт, пренесува Ројтерс.

Метеоролозите денеска прогнозираат температура до 35 Целзиусови степени во главниот град Перт.

Би можело да ве интересира

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар

„Кој е следен“: Надлежните да ја отворат документацијата за дискотеката „Пулс“ од 2012 година до денес

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

Пожар во Ниш, едно лице загина, повреден е пожарникар

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја