Стотици лица се евакуирани поради шумските пожари, предизвикани од топлотниот бран во Австралија. Во огнената стихија уништени се најмалку четири куќи и околу 20.000 ари (1 ар =100 метри квадратни) шуми и фарми се уништени
Полицијата во одредени области во државата Квинсленд одеше од куќа до куќа со барање населението да се евакуира, но некои жители одбија да го сторат тоа, изјавија официјални лица.
Стотици пожарникари се во состојба на подготвеност поради очекуваните 40 степени Целзиусови и силни ветрови.
Во државата Квинсленд регистрирани се рекордни температури за ноември, а метеоролозите најавија дека топлотниот бран ќе продолжи и во наредните денови.
Пожарот започна во саботата и опфаќа област од 66 километри.