Пожар во затвор во Њујорк, 20 се тешко повредени

Од:

Најмалку 20 лица се повредени во пожар што го подметнал затвореник во затворот Рикерс во Њујорк.

Ова се случило на денот кога институцијата била посетена од група демократски претставници, соопштија надлежните.

Во пожарот се повредени 15 членови на затворскиот персонал и пет затвореници, пренесе агенцијата АП. Противпожарните екипи успеале да го изгаснат пожарот за еден час, соопштија затворските власти.

Петнаесет повредени се хоспитализирани, но нема информации за нивната состојба.

Властите соопштија дека ќе објават повеќе информации за инцидентот по завршувањето на истрагата.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар