Пожар во воз на железничката станица „Викторија“ во Лондон

Од:

Во еден од вагоните од возот „Гетвик Експрес“ што сообраќа меѓу аеродромот Гетвик и Лондон, утринава избувна пожар. Инцидентот се случи додека возот стоел празен на железничката станица „Викторија“, една од најпрометните во британскиот главен град.

Управата на станицата побара интервенција од противпожарната бригада и нареди итна евакуација на станицата. Пожарот избувнал во делот на еден од вагоните, кај тркалата, каде е сместена и целата електрична инсталација. Огнот, а потоа и густиот чад се забележани околу 7 часот утринава, во време кога станицата „Викторија“ е полна со патници кои доаѓаат во Лондон на работа од приградските населби и подалечните места. Претставник на станицата изјави дека немало паника меѓу луѓето и дека евакуацијата е извршена без проблеми.

Еден час подоцна пожарникарите го локализираа пожарот, но тие се уште се наоѓаат на станицата и околу запалената композиција.

Пожарот во утринските часови предизвика големо нарушување на возниот ред од оваа станица. Засега не се знае кога ќе биде обновен сообраќајот на возот од центарот на Лондон кон аеродромот Гетвик, кој е втор по големина во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во најголемата фабрика за батерии во светот

Горан Наумовски

Се запали една просторија во Поликлиниката Чаир, нема повредени

Маж и жена починаа во пожар во Крива Паланка

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Меланија Трамп: Пожарите во Калифорнија се разорни, мислам на луѓето, се молам за нив

(ВИДЕО) Се појави огнено торнадо во долината Сан Фернандо во Лос Анџелес