Пожар во складиште за гориво во Индонезија – загинаа 16 лица, се трага по 16 исчезнати

Од:

Во пожарот што избувна во индонезиската државна енергетска компанија Пертамини загинаа 16 лица, додека 16 се водат како исчезнати, соопштија денеска индонезиските спасувачи и пожарникари.

Најмалку 260 пожарникари и 52 противпожарни возила го изгаснаа пожарот непосредно пред полноќ во петокот, откако пожарот беснееше повеќе од два часа, соопштија пожарникарите, пренесе АП.

Наведоа дека покренале истрага и најавиле ревизорска постапка во компанијата.

Пожарот што избувна во петокот околу 20 часот по локално време во складиштето „Пертамини“ во Плумпанг, недалеку од главниот град Џакарта, брзо се прошири во околните куќи и предизвика паника меѓу жителите, објави Ројтерс.

Веднаш по избувнувањето на пожарот, властите соопштија дека десетици граѓани се повредени, а стотици се евакуирани.

Прелиминарната истрага покажа дека пожарот избувнал кога нафтоводот пукнал при силен дожд, веројатно по удар на гром, изјави Еко Кристиаван, менаџер на Пертамина.

Спасувачите трагаат по 16 лица кои се пријавени за исчезнати или одвоени од нивните семејства.

Во пет болници се згрижени околу 49 лица, од кои некои се во критична состојба.

Началникот на националната полиција Листјо, Сигит Прабово, рече дека повеќе од 1.300 луѓе се раселени и се засолниле во 10 владини канцеларии, седиштето на Црвениот крст и во еден стадион.

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе