Тринаесет мајмуни загинаа во силен пожар кој што избувнал денеска во „Вобрн Сафари Парк“, на 80 километри од Лондон.
Пожарот ги зафатил куќичките каде што биле сместени мајмуните. Противпожарните екипи се обиделе да ги изгаснат огнот, но не успеале да ги спасат животните.
Се уште не е утврдена причината за пожарот, а останатите животни не се повредени.