Шумски пожар зафати 1.300 хектари вегетација во југозападниот дел на Франција, каде евакуирани се над 500 лица, соопштија денеска локалните власти.
Повеќе од 300 пожарникари се борат со огнените јазици во Сомос и околината, недалеку од Атлантскиот Океан.
Пожарот изби по горештините што се невидени за Франција во септември.
Во Бордо вчера беше измерена температура од 37,5 степени Целзиусови.
Толку високи температури, француската метеоролошка служба последен пат регистрираше во 1987 година.
Извор: МИА