Пожар во болница, загинаа најмалку шест пациенти

Од:

Најмалку шест пациенти загинаа во пожар што избувна во одделот за траума во болницата „Саваи Ман Синг“ во Џајпур, главниот град на индиската држава Раџастан, соопштија индиските власти.

Пожарот, според првичните проценки, бил предизвикан од краток спој во единицата за интензивна нега, по што брзо се проширил на соседните одделенија, ослободувајќи токсични гасови, изјави за ANI болничкиот службеник Анураг Дакад.

Во пожарот се повредени неколку лица – пет пациенти се во критична состојба, додека 13 се евакуирани од погодените области на најголемата државна болница во Раџастан.

Полицискиот комесар Биџу Џорџ Џозеф изјави дека причината за пожарот ќе се утврди преку форензичка истрага, а регионалната влада формираше посебна комисија за анализа на случајот.

Индија постојано се соочуваше со фатални пожари во болниците, најчесто предизвикани од технички дефекти во електричната опрема, пренесува Танјуг.

Меѓу најсмртоносните инциденти се пожарите во одделенијата за интензивна нега за новороденчиња, вклучувајќи ги и случаите во Утар Прадеш и Њу Делхи, каде што починаа вкупно 16 бебиња.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожарникарите се борат да спречат пожарот да навлезе во боровите шуми на Јасен

A1on