Се стравува дека повеќе лица останале заробени по пожарот, кој избувна претпладнево во деловната зграда „ФР Кула“ во престолнината на Бангладеш, Дака.
Засега нема информации за точен број жртви, иако според некои наводи, поголем број луѓе, барајќи спас од пожарот, скокале од високата деловна зграда.
За гаснење на огнот ангажирани се десет противпожарни возила, а во спасувачката операција вклучени се и воени хеликоптери.
Минатиот месец во голем пожар во предградие на Дака загинаа 71 лице.