Пожар предизвика големи штети во Научниот град во Неапол

Од:

Голем пожар изминатата ноќ го уништи Научниот град во Неапол – интерактивен музеј и планетаруим, што секоја година го посетуваа илјадници луѓе, пренесоа француските медиуми.

Четири павиљони на поврзшина од 10.000 квадратни метри се целосно уништени, а петиот, што е малку понастрана, бил поштеден од пламените јазици.

Нема жртви во пожарот.

Научниот град во текот на зимата не прима посетители.

Десетици пожарникари се бориле цела ноќ со пламенот. Причината за стихијата не е позната.

Градоначалникот на Неапол Луиџи де Маџистрис, меѓутоа, спомена дека станува збор за криминално дејствие. Тој изрази увереност дека истрагата ќе ги утврди извршителите.

Де Маџистрис посочи дека целиот град треба да тагува за нанесените штети на Научниот град, што е удар врз локалната култура и наука.

Во просториите зафатени од пожарот сите експонати се уништени.

Научното градче на Неапол беше отворено во 1996 година Тоа беше проектирано според примерот на сличниот музеј во Париз. Во него годишно доаѓаа по 350.000 посетители.

Во Научниот град имаше експонати, поврзани со биологијата, астрономијата и физиката, како и конференциски центар.

Објектот беше еден од најголемите научни музеи во Италија и меѓу најзначајните во јужна Европа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

Дождот ги изгасна сите пожари на отворено