Пожар на траект на Филипини, најмалку седуммина мртви

Од:

Пожар избувна на траект со над 130 лица на Филипините, а во несреќата загинаа седум лица, информираше денеска крајбрежната стража.

Кога пожарот избувна, траектот бил на помалку од еден километар од својата дестинација во провинцијата Кезон, 67 километри западно од Манила.

На траектот имало 124 патници и 10 членови на екипажот.

Крајбрежната стража спаси 120 лица, од кои 23 повредени и пренесени во болница, додека седуммина се водат како исчезнати.

Според првичните информации, пожарот избувнал од моторниот дел на траектот.

На фотографии од сведоци се гледа пожарот на траектот, како и црн чад, додека поединци се во водата во близина, откако скокнале од бродот.

Германската новинска агенција наведува дека патувањето по море е клучната форма на транспорт на Филипините, а инцидентите се чести и во голем дел, се препишуваат на недоволно добри безбедносни стандарди и пренатрупаност.

На Филипините во 1987 година, траект се судри со танкер со нафта, притоа загинаа над 4.000 лица.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони