Поради пожар кој изби во јужните делови на Аљаска, властите евакуираа луѓе од околу 1.000 згради, соопштија претставници на локалните власти.
– Во пожарот во Фани Ривер изгореле 650 квадратни километри шума, во голем дел во рамки на резерватот Кенаи, на југот на Аљаска, изјави портпаролот на американската служба за заштита на шумите Вили Бегај.
Пожарот на Аљаска не се смирува веќе седум дена, а бројот на загрозените лица засега не е познат.
Во гаснењето на пожарот учествуваат речиси 600 пожарникари.
Засега нема информации оти е некој повреден, но не е познато дали има оштетени згради.