Повторно оштетен далноводот што го снабдува Запорожје со струја, електраната мора да премине на дизел генератори

Од:

Далноводот што ја снабдува со електричната енергија нуклеарната централа Запорожје е оштетен по вторпат за пет дена, поради што електраната мора да премине на дизел генератори, соопшти денеска генералниот директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ) Рафаел Гроси.

Тој на Твитер објави дека МААЕ се залага за демилитаризирана безбедносна зона околу централата, која е блиску до линијата на фронтот меѓу украинските и руските сили.

Шефот на регионот Запорожје, назначен од Москва, Евгениј Балицки, рече дека безбедносна зона не е можна додека фронтот не се помести за најмалку 100 километри.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украинските вооружени сили извршија напад во близина на нуклеарниот реактор во Запорожје

Четири лица се повредени во воздушен напад во Харков

Русите извршија ракетен напад врз Украина, едно лице загина, 45 се повредени

Русите уништија украинскиот Ф-16 во Запорожје

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци